Мистериозен објект пронајден на американска плажа: Многумина мислеле дека се работи за НЛО, се дури не го допреле (ФОТО)

Мистериозен објект се насукал на островот Сибрук во Јужна Каролина.

Секако, веднаш се појавиле разни теории за што би можело да се работи, а една од теориите кои не можат да се заобиколат е дека се работи за вонземски објект.

Објектот го пронашле активисти од една непрофитна организација која се грижи за заштита на делфините.

Тие го опишале објектот како огромен со цилиндричен облик.

“Кога ќе го допрете, ќе сфатите дека е мек како пена”, велат од таму и додаваат дека “многу брзо потоа е отстранет од локацијата по наредба на градските власти”.

Организацијата ги повикала сите да помогнат во идентификацијата на мистериозниот објект, при што голем број одговориле дека се работи за вонземски брод или за некаков вид на воена муниција.

И додека многу теоретичари на завери започнале да шират теории на разни теми, некои истакнуваат дека се работи за мек материјал и можно е да се работи за справа за спасување која ураганот Флоренс ја оштетил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.