Мислевме дека се единствени, но оригинални коледари имало на уште едно место недалеку од Прилеп (Фото)

Прилепчани доследни на традицијата за Коледе ги распалија коледарските огнови. Коледе се одбележуваше во секое маало и речиси на секоја улица.

Мислевме дека најуникатни беа коледарите во близина на Здравствениот дом кои во камионска приколка си поставија трпеза и столици, па на таков начин се заскријаа од студеното време, но не поправија.

Фото: Хит прослава на Коледе во камион – македонски изум каков има само во Прилеп

Исти вакви коледари имало и во населеното место Сенокос во општина Долнени, на неколку километри од Прилеп.

Поради тоа не смееше, а да не биде забележана и нивната коледарска прослава.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.