Мисајловски: “Две милијарди евра во патна инфраструктура и автопат Велес-Прилеп-Битола”

Поранешниот министер за транспорт и врски Владо Мисајловски потсети дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде на власт ќе изградат комплетно нов автопат од Велес, преку Прилеп до Битола.

“Македонија заслужува обнова!

Ќе изградиме комплетно нов автопат од Велес, преку Прилеп до Битола.

Ќе извршиме комплетна реконструкција на сите регионални патишта и ќе инвестираме над 2 милијарди евра во патна инфраструктура.

Ќе изградиме експресни патишта во должина од 150 километри низ целата држава.

Важно и неопходно е македонскиот народ да добие модерна и безбедна патна мрежа. Тоа покрај безбедноста, силно ќе ја засили економијата и заштедата на време за патување.

Ние сме различни од нив. Ќе работиме чесно и посветено за секој еден граѓанин на Република Македонија.

Да ја обновиме повторно нашата Македонија”, напиша Мисајловски на Фејсбук.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.