ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 50 илјади гласа разлика. Убедлива победа во советите, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот триумфираше на локалните избори. Победата им припаѓа и на младите и на старите, и на христијаните и на муслиманите, и на Македонците, и на Албанците, и на Турците, и на Србите, и на Бошњаците, и на Ромите, и на Власите, и на сите останати. И на работниците, и на земјоделците, и на докторите, и на просветните работници.
Залудни беа притисоците, поткупот, заплашувањата. Народот победи. Победи Македонија. Промените во Македонија се неминовни, затоа што Македонија ги победи поделбите, криминалот и безидејноста која ги создава власта на Зоран Заев. Тоа не го покажува само бројот на градоначалници кои се освоени во првиот круг и бројот на кандидати кои одат со водство во вториот круг, туку тоа го покажува и бројот на гласови освоени на советничките листи на ниво на државата.
Победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ под реден број 7, споредено со листата на советници на коалицијата предводена од СДСМ е над 50 илјади гласови во корист на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ над 50 илјади гласа разлика.
ВМРО-ДПМНЕ има освоено најголем број гласови на советнички листи во вкупно 40 општини. Во 40 општини имаме победи во советите.
ВМРО-ДПМНЕ има повеќе гласови на советнички листи од СДСМ освоено во вкупно 46 општини.
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ има избрано градоначалници во првиот круг во 21 општина и тоа:
Аеродром; Кисела Вода; Сопиште; Бутел; Гази Баба; Виница; Зрновци; Петровец; Илинден; Штип; Карбинци; Свети Николе; Велес; Градско; Босилово; Неготино; Кавадарци; Прилеп; Могила; Новаци; Јегуновце.
И за кратко најверојатно ќе стигне и во прв круг победата во Ѓорче Петров.
Водиме во вториот круг во 12 општини
Македонски Брод; Зелениково; Чешиново Облешево; Кратово; Радовиш; Василево; Ново Село; Битола; Охрид; Кичево; Брвеница.
И го спомнав Ѓорче Петров што мислиме дека набрзо ќе биде разликата, односно се ќе биде завршено во првиот круг.
Но, дополнително на ова ВМРО-ДПМНЕ има убедлива победа на советничката листа за градот Скопје предводена од професорот Трајко Славески, а имаме и огромно водство на Данела Арсовска.
Почитувани,
Народот го порази Заев. Народот одбра иднина, народот избра промени, проекти и победи, наместо неспособност, неработење и криминал на власта предводена од Заев. Македонија е на чекор до конечна победа која ќе биде крунисана со детонизирање на ненародната власт на Заев. Оваа власт нема повеќе легитимитет и прашање на време е кога ќе биде целосно поразена. Да се обединиме до конечната победа. Волјата на народот е јасна. Македонија бара промени за подобра иднина на нас и на нашите идни генерации.
Ги повикувам сите, сите гласачи кои сакаат нешто да се промени и не поддржуваат, како и сите оние кои не се определија првично за нас, и оние кои што се разочарани од политиката. Ајде заедно да се обединиме време е да ги надминеме разликите да се мобилизираме и да се обединиме. Да покажеме слога во намерите да се направи нешто подобро. Потребни сме и сите заедно на Македонија, со поделби само други користат.
Потребни сме сите заедно да се бориме рамо до рамо и само така ќе успееме, сложно. Да покажеме дека самите сме господари над сопствените судбини и никој ја нема нашата волја во џеб за да си поигрува со нејзе, подвлекува Мисајловски.