Директорот на Канал 5 новинарот Иван Мирчевски со иронична забелешка за инцидентот во кој настрада дилерот со дрога кој се чувствувал како Бугарин по што официјална Софија почна дипломатска војна со Македонија.
Мирчевски со доза на сарказам од полицијата бара во билтенот на инциденти да се запишуваат за сите учесници и жртви дали имаат бугарско самочувство.
,,Ги замолувам службите од МВР , кога ќе пишуваат извештаи за прекршоци од изминатото деноноќие, доколку дојде до тепачка, борба, газење од ќотек…задолжително на крај на настанот да посочат – има или нема некој од учесниците во настанот кој е Македонец со бугарска самосвест.
Не за друго, како тргнале се плашам дека и кафекуварката од Бугарската амбасада ќе ја повлечат, па после ќе нема кој да му одаде нова почит на Пеле ако повторно почине (ваљда и Пеле имал бугарски корени), пред Бугарската амбасада со топка во рака.
Значи после настанот, има или не – Бугарин во некоја тепачка. За да можеме помирно да живееме или да знаеме дека ќе долета нов авион од Софија”, пишува Мирчевски во ,,мајтап” пораката објавена на социјалната мрежа LinkedIn.
Извор: “Expres.mk”