Мирослав Станиќ четврто засилување за прилепска Победа

dac_stanic_miroslav2014

Раководството на Победа продолжува со комплетирање на тимот за пролетниот дел на шампионатот на Првата лига. Денес договорено е четвртото засилување. Станува збор за 23-годишниот српски интернационалец Мирослав Станиќ, кој доаѓа од екипата на Смедерево, а настапува на позицијата страничен напаѓач. Во досегашната кариера Станиќ настапувал за Металац, Леотар Требиње и во словачка Дунајска Стреда. Тој заедно со неговиот сонародник Милан Војводиќ минатиот месец беа на еднонеделна проба во Прилеп на која ги задоволија очекувањата на Шефот на Стручниот штаб Зоран Штерјовски, по што клубот реши да ги ангажира. Претходно Победа го договори бразилскиот напаѓач Уемересон Рамон, а вчера на верност на Победа се обврза и довчерашниот играч на Пелистер Благојче Коњарски.

Од клубот информираа дека вториот бразилец кој беше на проба Тијаго не ги задоволи очекувањата и е е слободен во пронаоѓањето на нова средина. Со цел засилување на екипата претседателот Ингилизов најави дека во тек се преговори со 4-5 македонски фудбалери. Од составот кој есенската полусезона во Првата лига ја заврши на 8-то место од обврски слободени се 6 фудбалери.

Стартот на подготовките за пролетната полусезона Штерјовски го закажа за 8-ми јануари. По почетната базична фаза во Прилеп од 27-ми јануари експедицијата на Победа ќе замине на 10-дневни подготовки во Охрид. Во Охрид Победа веќе договори контролни натпреевари со: Младост Лучани, Јавор Ивањица(Србија) и Крупа од Врбас(БИХ).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.