Актерката Ирена Ристиќ која е дел од еко иницијативата “Не биди ѓубре”, автомобилот кој е во сопственост на оваа иницијатива го крстија Мира Дизел.
Тоа го соопшти актерката пред некој ден на својот фејсбук профил, каде напиша:
“Автомобилот во сопственост на #НеБидиЃубре се вика Мира Дизел!
Со здравје да си го носи името! Содржајно е!”
Инаку оваа акција е за секоја пофалба. Активистите редовно го собираат “скопскиот срам” од различни локации и даваат пример на сите како треба да се однесуваме со околината во која живееме.