Жители од улицата “Јоска Јорданоски” со денови апелираат до нас за чистење на депонијата на нивната улица, која е направена од несовесни граѓани.
“Веќе една недела ѓубрето стои, а надлежните од Комуналец, иако пријавивме не го собираат. Забележавме и влекач како излегува од сметот”, вели наш сограѓанин од оваа улица.
Маркукуле како сервис на граѓаните е тука да апелира до надлежните да ги обавуваат своите обврски кон граѓаните. За жал и во 21 век имаме несовесни поединци во нашиот град кои сопствениот отпад го оставаат каде ќе најдат, без притоа да водат грижа за животната средина, како и здравјето на своите соседи, роднини, деца….