После денешниот втор масовен протест на тутунарите во Прилеп, според неофицијални извори, утре во Прилеп доаѓа министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа.
Според информациите до кои дојдовме, средбата ќе се одржи во општина Прилеп, каде ќе присуствуваат претставници од иницијативниот одбор на протестите, како и градоначалникот Илија Јованоски.
Тутунарите два дена по улиците во центарот на Прилеп одржуваат масовни протести. Тие бараат реална проценка на нивниот труд и мака и тврдат дека тутунот се откупува по мизерни 130-150 денари по килограм.
Останува утре да видиме дали тутунарите ќе најдат заеднички јазик со министерството, или ќе се продолжи по старо.
Инаку, тутунарите најавија и блокирање на патот кон Плетвар во среда.