Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со претседателот на Македонската џудо федерација, Владимир Трпаноски.
-Во текот на разговорот се фокусиравме на важноста на џудото и како да го унапредиме овој спорт во Македонија. Зборувавме за потребата од инвестирање во младите таленти и организирање повеќе тренинг кампови и натпревари, со цел да ги мотивираме младите генерации да се вклучат и активно да се занимаваат со џудо. Со заеднички напори, веруваме дека ќе успееме да ја подигнеме свеста за важноста на џудото и да создадеме успешни џудисти кои ќе ја претставуваат Македонија на највисоко ниво – напиша министерот Ристовски на социјалните мрежи.