Министерот Наќе Чулев предложи намалување на полицискиот час и старт од 19 часот

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешната седница на kpизниот штаб предложил намалување на времетраењето на полицискиот час. Како што наведува Чулев во предлогот побарал ограничувањето на движењето да започне во 19:00 часот, наместо како досега во 16:00 часот.

„Моето барање за намалување на ограничувањето на движењето се однесува на сите граѓани, како и за младите лица и за лицата над 67 години. Во таа насока денес предложив досегашното ограничување на движењето во работните денови наместо од 16 часот да започнува од 19 часот, како и да се размисли за соодветно олеснување кое ќе се применува за време на викендите.

Дополнително, Чулев наведува дека планира да побара и преиспитување на одлуките поврзани со ограничување на движењето во планините, парковите и шумите.

„Очекувам владата овие барања да ги прифати на првата седница“, наведува министерот Чулев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.