И покрај штрајкот на Државниот испитен центар, со кој вработените бараат повисоки плати, како и нивните изјави дека нема шанса државната матура да се одржи во планираниот термин, министерот за образование Јетон Шаќири е уверен дека матурскиот испит ќе се полага на 27 овој месец.
Шаќири вечерва во гостувањето на „Сител“ рече дека нема одложување на државната матура.
Ако е потребно, и вработените од Министерството за образование и наука ќе бидат на располагање на Државниот испитен центар, сѐ со цел да се реализира државната матура во предвидениот рок, вели министерот.