Денеска во работна посета на општина Прилеп беше присутен министерот без ресор Неждет Мустафа кој оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески. Министерот без ресор Неждет Мустафа кој воедно е и национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми, разговараше со градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Прилеп.
Министерот, зедно со градоначалникот Ристески направија увид на градежните работи околу изградбата на Џамијата, за инфраструктурата во населбата Тризла, за добивање на нова канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески посочи дека локалната самоуправа во континуитет инвестира во оваа населба во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки, наскоро жителите ќе добијат и нова спортска сала, се со цел за подобрување на условите на живеење на граѓаните од ромска националност, а со истата динамика ќе продолжи и понатаму.