Министерот без ресор Неждет Мустафа во работна посета на општина Прилеп

1

Денеска во работна посета на општина Прилеп беше присутен министерот без ресор Неждет Мустафа кој оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески, Претседателот на Совет Никола Димески како и со тимот на градоначалникот. Министерот без ресор Неждет Мустафа кој воедно е и национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми, разговараше со Градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Прилеп.

3

Министерот, зедно со Градоначалникот Ристески и претседателот на Совет направија увид на градежните работи за реконструкција на дел на постојна улица Ердован Шабановски и најавија дека при крајот на месец октомври истата ќе биде асвалтирана во должина од 350 метри, а насебата Тризла ќе добие нова канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески посочи дека локалната самоуправа во континуитет инвестира во оваа населба во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки, наскоро жителите ќе добијат и нова спортска сала …се со цел за подобрување на условите на живеење на граѓаните од ромска националност, а со истата динамика ќе продолжи и понатаму.

4

Во рамки на проектот “Инклузија на деца Роми во јавни предучилишни установи (детски градинки)”, денеска беше посетена и детската градинка во населба „Тризла“ каде се имплементира проектот за инклузија на децата Роми во детските градинки.

5

Главната цел на проектот е подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на бројот на деца Роми во предучилишните установи, една година пред поаѓање во основно образование, а во последните три години зголемувањето на бројот на деца Роми во предучилишните установи од 20 е зголемен на 30. Исто така, се настојува да се подобри пристапот, ставот на родителите на опфатените Ромски деца преку јакнење и поддршка на развојот и образованието на Ромските деца на возраст од 4 години и 5 месеци до 6 години, да се подобрат социјалните вештини, подобрување на владеењето со македонскиот јазик, како и да се зголемат компетенците на воспитувачите и негователите за работа и надминување на предрасудите и стереотипите за Ромите во јавните детски градинки. За потребите на проектот Министерството за труд и социјална политка одобри посебни средства за работно ангажирање на 17 негователки Ромки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.