Министерката за труд и социјала ги утеши родителите: “Поевтини компјутери ќе можете да купите на викендот без ДДВ”

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на вчерашната прес конференција им порача на родителите на ученици од основно и средно образование, дека имаат прилика да ги купат потребните ИТ-уреди за следење на онлајн-настава за време на продолжениот викенд на 10, 11 и 12 октомври, и дека токму купувањето во рамки на проектот „Викенд без ДДВ“ е можност за тоа.

-За време на „Викенд без ДДВ“ ќе може да се потрошат најмногу 30.000 денари во чии рамки може да влезе и таква опрема, а потоа на родителот ќе му се врати платениот данок, рече Шахпаска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.