Минатата шест, оваа година пет продолжени викенди: Еве на кои датуми се паѓаат

Во 2021 година македонските граѓани ќе имаат пет продолжени викенди. Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, за разлика од годинава, кога имаше шест продолжени празнични викенди.

Првиот продолжен викенд за сите граѓани ќе биде за време на новогодишните празници, кога неработен ден беше 1 јануари, петок.

Втор неработен ден кој се спојува со викенд е 3 мај, вториот ден на христијанскиот празник Велигден.

Продолжен викенд ќе има и за 24 Мај – Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, кој е неработен ден и е во понеделник.

Граѓаните ќе имаат продолжен викенд и за Денот на Републиката – 2 Август, кој догодина е во понеделник.

Денот на народното востание – 11 Октомври е уште еден неработен ден што се врзува со викенд, бидејќи исто така е во понеделник.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.