Морничава е леснотијата со која Заев го распродава/раздава она што не е негово, вели Владимир Милчин на Фејсбук.
– Морбидно е тоа што раздавањето го прави кога вирусот како црна чума добива на сила и со вртоглавиот раст на бројките ги празни улиците и ја пренасочува загриженоста на граѓаните на прашањето како да се преживее, потенцира Милчин.
Тој истакна дека е мачно да се гледа молкот во пратеничката група на СДСМ.
– Барем еден да му откажеше послушност на прематарот и да го променеше статусот во независен. Мачно е клиентелистичкото едноумие, односно послушноста која потсетува на колишевизмот, потенцира Милчин.