Милчин за Заев: “Го oпи мирисот на власта, изманипyлиpaни сме и разочapaни”

Откако „Република“ објави дека дел од „Шарената револуција“ се чуствуваат злоупотребени од страна на Заев, потврда за тоа дојде и нивниот идеен творец Владимир Милчин. Тој во авторски текст за црногорскиот весник „Pobjeda“ вели дека Заев преку ноќ ги откачил и дека го опил мирисот на власта, пренесува Инфомакс.

Дел од граѓанскиот сектор се чуствува изманипулиран и разочаран од владеењето на СДСМ. Тоа чуство кулмнинираше кога на Јутуб се појави снимка каде Заев се фали дека граѓанските организации и тоа што е финансирано од Сорос „сите се мои“-пишува Милчин.

Во групата незадоволни од Заев која треба повторно да се активира во борба покрај Милчин, се наоѓаат вработени во Институти кои се занимваат со евроинтеграции, неколкумина новинари од телевизија и печат, како и неколкумина професори.

Тие повремено одржуваат состаноци на кои се разработува стратегијата против Заев и подготуваат Платформа за натамошното дејствување која треба да биде објавена пред почетокот на изборите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.