Денес главното прашање е зошто вчера Венко Филипче и Оливер Спасовски му аплаудираа на Зоран Заев. Дали му аплаудираа дека можеби и Филипче и Спасовски ја изгубиле реалноста од изборниот пораз како што ја изгуби и самиот Зоран Заев, изјави на денешната прес конференција претеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
Тој праша дали аплаузот на Филипче и Спасовски за Зоран Заев вчера бил аплауз за зголемената инфлација, за поскапените горива, за поскапените прехрамбени производи и за енергетската криза во која што Заев ја турна цела држава, а голем дел од граѓаните ги донесе на ниво на сиромаштија?
– Дали аплаузот на Венко Филипче и Оливер Спасовски за Зоран Заев вчера е за Вице Заев кој мистериозно исчезна од кривичната пријава за рекетот во РЕК Битола, истата онаа РЕК Битола која што сега нема јаглен, не произведува струја и Македонија е една од државите на столбот на срамот на енергетската европска заедница која што краде струја од европските производители?! Дали аплаузот на Венко Филипче и Оливер Спасовски беше за немањето на одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово во која што за жал имаше и 14 жртви, а Македонија е на највисокото место по стапка на смртност од ковид-19. Отсуството на реалноста која што владее во Република Македонија го гледаме токму во дадениот аплауз на Венко Филипче и Оливер Спасовски за нивниот претседател во оставка Зоран Заев затоа што Македонија е на 111-то место во светот по корупција, а и каде да биде Македонија ако министерот за внатрешни работи издава 215 пасоши на светски трговци на наркотици?! Отсуството од реалноста во СДСМ се гледа и по тоа што Зоран Заев и Венко Филипче до пред извесно време во Прилеп стигнуваа со владин хеликоптер, откако тоа престана да биде привилегија за нив, Зоран Заев купи едно скапо БМВ кое што се возеше низ општините каде што ги изгуби изборите. Дали аплаузот кој што го даваше Венко Филипче беше можеби за вчера омилен директор Ден Дончев за кој што не знаеме каде се наоѓа неколку месеци или можеби аплаузот на Ковачевски и на Оливер Спасовски беше за Рашковски кој што е десна рака како генерален секретар на Владата на Зоран Заев долги години?! Зоран Заев вчера со изјавата дека дека нема да поднесе оставка и дека истата ја поместува на неопределено време, односно тој сакал но централниот одбор на СДСМ не му дозволил, уште еднаш докажа дека е најголемиот лажго во македонската политика, најголемиот манипулант на Балканот и најголемиот аболициран политичар кој што се гребе за уште еден, два или три дена во власт за да си покрие некоја од своите злоупотреби, појасни Милошоски.
Тој потенцира дека времето на Зоран Заев помина и што ќе се случува во СДСМ не ги интересира, тоа е нивна работа, но што ќе се случува во Собранието ќе види Заев уште во текот на утрешниот ден кога на Владата на Заев која е во оставка ќе и биде изгласана недоверба.
– Затоа му порачуваме на Заев премиерот во заминување и на неговите најблиски соработници Филипче и Оливер Спасовски да се спремат за мирна транзиција на власта, испорачувањето на недовербата на Владата и формирањето на ново собраниско мнозинство и нова Влада која што ќе нуди решенија за проблемите кои што ги создаде Заев, Филипче и Оливер Спасовски. Сметам дека доаѓа време за одговорност за сите нивни злоупотреби, доаѓа време за нов почеток, за поспособни луѓе, за нова Влада и за ново парламентарно мнозинство, додаде Милошоски.