Милошocки: Фиpма на Вице 3aeв и 29 дpyги cтpyмички фиpми пpoфитиpaле со peчиcи 13 милиони евpa од неплаќање кpeдити кон Eypocтандapд

Парламентарната надзорна комисија која треба да ги утврди фактите во врска со случувањата во „Еуростандард Банка“, попладнево одржа седница на која пред пратениците сведочеше сопственикот на „Еуростандард Банка“, Трифун Костовски

Освен Костовски, присутна беше и гувернерката на НБРМ Анита Бежовска, главниот јавен обвинител Љубомир Јовевски.

На седницата да сведочат, поканети беа и Зоран Заев, Нина Ангеловска, но и членовите на техничката влада заедно со техничкиот премиер Оливер Спасовски. Ниту еден од нив не се појави на седницата.

Прв прашање постави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, кој праша ja дали гувернерката дали знаела за долгот кој 29 струмички фирми го имаат кон Еуростандард Банка како резултат на нeплаќање на кредити.

„Почитуван гувернер Бешовска, 29 фирми од Струмица, блиски до фамилијата на власт, меѓу кои и @Сара инжињеринг#, фирма на Вице Заев, брат на премиеррот, меѓу кои и „Глобал Медиа груп“, како и „Тритерол“, бизнис патрнери на господинот Заев, како градоначалник поранешен на Струмица, со месеци не ги платиле кредитите во Еуростандард банка, со што овие 29 струмички фирми, меѓу кои и фирмата на Вице Заев, од банката оствариле ќар, добивка преку неплаќање на кредити од 12 800 000 евра на штeта на сите други штедачи. Сте знаеле од претходно, преку ревизии на предметие, а особено од 22 мај, сте знаеле кога сте вовеле дневен надзор над банката“ .

„Зошто сте дозволиле овие 29 струмички фирми да ќарат речиси 13 милиони евра со невраќање на кредити, на штeта на сите други штедачи, и дали за ова сте биле навремено информирани?“, праша Милошоски.

За жал, гувернерката не одговори на прашањето.

Прашањето на Милошоски е со почеток од 12-та минута во видеото во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.