Милошоски открива како ќе гласи референдумското прашање за промена на државното име

(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)

“Заев имал прашање со кое многу луѓе, со потценувањето на нивната интелегенција, ќе ги мотивира да го бојкотираат наместениот референдум:

Дали се согласувате Република Северна Македонија да си го измени својот Устав, согласно договорот потпишан со Грција, а како услов за сојуз во НАТО и ЕУ, со што се отвараат перспективите за загарантирана стабилност, силен економски развој, праведно судство, кариерни перспективи во приватниот сектор, високи плати за лекарите, силно образование, зелена нафта на земјоделците и чиста животна средина?

© ЗА / ПРОТИВ / БОЈКОТИРАМ!!!

– нема ни 450.000 гласачи да му излезат без притисоци врз администрацијата, полицијата и школството!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.