(Фејсбук статус на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски)
“Luxembourg, EU meeting:
Франција, Холандија и Данска не дадоја согласност да има одлука за почеток на преговори на Македонија оваа година. Сметаат дека земјава ги нема исполнето основните предуслови од извештајот на Прибе и планот 3-6-9, особено во однос на владеењето на правото, судството, администрацијата и корупцијата. Ова е голем дипломатски дебакл на Заев & Димитров.
Пораката од Луксембург до Заев и Димитров е дека нивната спремност да си го сменат националното име и Уставот на сопствената држава не е доволно за да ја покријат погрешната политика на владата на СДСМ во клучните сектори за државата.
Заклучокот кој е постигнат е условен и необрврзувачки, и истиот гласи: “EU negotiations with FYROM/North Macedonia & Albania can start in 2019, depending on progress made by the countries” (Преговорите на ЕУ со земјите ФИРОМ/Северна Македонија и Албанија можат да започнат во 2019, во зависност од постигнатиот прогрес на земјите).
П. С.
Патлижан дипломатија = пинџур резултати!”