Милошоски: Дали се ова петте причини зошто Богоев беше во ОЈО за „Рекет“?

Пратеникот Антонио Милошоски се осврнува на причините зошто токму градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е еден од седумнаесеттемина кои досега биле во ОЈО да дадат исказ во врска со случајот „Рекет“.

-Градоначалникот на Карпош, Богоев, е еден од 17-те лица кои досега биле во Јавното обвинителство во врска со случајот “Рекет”, во кој замешани се Боки 13, најмалку две обвинителки, најмалку 5 вработени лица во СЈО и неколку функционери од власта. Битни прашања се дали се ова 4те причини зошто Богоев беше во ОЈО за “Рекет”:

1. Што содржи меморандумот за соработка потпишан од Боки13 и Богоев во Ноември 2017та?
2. Финансирање на кампањата за локални избори 2017 година?!
3. Планот за измена на ДУП “Капош на вода”, десно од ТВ Телма кон Вардар (кој Боки13 го нарекол поинаку)?!
4. Злоупотреба на службена положба како градоначалник за потребите на 1ТВ?!
5. Кршење на законот за градба за кој Јанакиески лежи во притвор со месеци по барање на ОЈО и СЈО?
, прашува Милошоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.