“Милошоски го торпедира “размазениот” министер Димитров?”

Никола Димитров, вицепремиерот за евроинтеграции, синоќа објави дека не се појавил на собраниска седница на Комисијата за надворешна политика затоа што, како што вели тој, немал намера да го загрозува своето и здравјето на другите.

На ова жестоко реагираше пратеникот Антонио Милошоски, кој воедно е и претседател на Комисијата за надворешна политика во Собранието.

Во продолжение ви го пренесуваме во целост Фејсбук саттусот на Милошоски:

“не сакал да го загрозува своето здравје, за да си ја работел работата?! Колку лицемерно, кога се знае дека дел од неговата висока министерска плата, со личен шофер и службено возило ја зема за да работи, меѓу другото, и за давање отчет и пред пратениците, со присуство во Собранието.

Додека илјадници медицински сестри си ја работат својата работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата скромна плата, размазениот министер ги потценува со оправдание дека не сакал да дојде да одговори на две прашања во Собранието. Срамота!

Додека илјадници касиерки во самопослуги, новинари, аптекари, келнери, заболекари и службеници се присутни на работа, изложени на ризик од кој се штитат, и така ја заработуваат својата плата, министерот кој зема пет пати повисока плата од нив, не можел да дојде до Собрание на еден час и да им објасни на пратениците што преговарал со Бугарија?!

Додека заменикот министер за финансии може 5 дена да седи со пратениците во Собранието и да го брани ребалансот на буџетот од кој ќерката на размазениот министер зема висока стипендија од 40.000 евра годишно, овој нежниот и своите колеги министри ги понижува со изговорот дека не сакал да дојде во Собрание да не се зapaзел.
Но, порано или покасно, сите министри ќе дојдат во Собрание, па и најразмазениот”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.