Милков: “Бугарите не смее да имаат различен статус од другите народи во Македонија”

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, вели дека Бугарија нема да прифати никаква формулација со која на македонските Бугари би им се доделил статус поинаков од оној на другите уставно признати народи во Македонија, пренесува Press24.

Неговата изјава следи откако претседателот Стево Пендаровски го нарече скандалозно барањето Бугарија да биде дел од процесот на уставни измени.

„Не станува збор за мешање на Бугарија во внатрешните процеси на нашата соседна земја. На крајот на краиштата, ние први ја признавме како независна земја. Станува збор за создавање атмосфера на доверба преку конструктивна комуникација, доколку се оцени дека таква е возможна. Но, според нашата проценка, тоа е крајно задоцнето и крајно неопходно – за да можеме да се движиме кон полноправни добрососедски односи. Македонските Бугари мора конечно да добијат еднаквост во секој поглед и во Уставот и подоцна во рамките на законите“, рече Милков, пренесоа бугарските медиуми.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.