Милијардери кои го “тресат“ светот, а покрај факултет само поминале: Од 400 најбогати луѓе на планетава, 63-ца завршиле само средно училиште

На листата на „Форбс“ од 400 милијардери, 63-ца немаат ништо повеќе од средношколски дипломи, а поголемиот дел од нив сами го создале нивното богатство.

Бил Гејтс и Марк Закерберг се отпишале од Харвард, Дејвид Гефен ислушал само три семестри на факултет, Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс исто така се откажале од дипломите од највисок степен.

Милијардерите кои се откажале од факултет очигледно знаат што прават, а во просек имаат по 9.4 милијарди долари. Од друга дтрана пак, милијардерите кои се со докторати во просек имаат по 3.2 милијарди долари.

На листата на „Форбс“ има повеќе луѓе кои се откажале од факултет отколку луѓе со докторати, во сооднос 63:21. Во САД само 2.5 милиони од луѓето имаат докторати, а над десетина милиони луѓе се откажале од факултет.

Освен тоа, поголемиот дел од луѓето кои не завршиле факултет не живеат толку многу добро – просечната плата им е значително пониска од луѓето кои имаат првостепена диплома од факултет. Значи, тајната на успехот не е само во откажувањето од факултет, туку и во тоа какви амбиции имате доколку се откажете. Луѓето кои без диплома станале милијардери се посебни затоа што имаат нешто што ги “движи“ за да бидат успешни и богати.

Милијардерите без диплома од факултет може да се сместат во две групи. Првата се откажала од факултет поради тоа што имале специфични производи и бизнис план кои сакале да го следат и да му се посветат затоа што верувале дека ќе успеат. Јасно знаеле што сакаат и не сакале да чекаат да дипломираат за да го остварат тоа. Тоа се иновативни луѓе кои точно знаеле што ќе направат кога ќе престанат да одат на факултет – Марк Закерберг и Бил Гејтс спаѓаат во оваа категорија.

Втората група не се откажала од факултет за да основа фирма и да развие производ веднаш. Нивниот пат е сличен, но и различен. По неколку години напорна работа добро процениле кога е време за ризикување и тогаш основале сопствени компании. И успеале во тоа. Луѓето од двете групи имаат јасна визија за иднината, знаат што сакаат да прават и во која насока да се развиваат, имаат силни работни навики и вистински го посакуваат успехот, сакаат работите да ги завршат веднаш, подготвени се на ризик, иновативни се и не трпат “статус кво“ и имаат способност да носат правилни и добри одлуки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.