Милионски суми вложувања во образованието во Битола: ООУ “Стив Наумов” добива нова енергетски ефикасна фасада

Во тек е реконструкција на фасадата на ОУ „Стив Наумов“ во Битола, со поставување на нови изолациони материјали, со што училиштето ќе добие
нова, енергетски ефикасна фасада.

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски и дел од општинската администрација, извршија увид во градежните работи на терен и се
запознаа со динамиката на изведувањето на активностите. Според склучениот договор со изведувачот, предвидено е реконструкцијата да биде
завршена во текот на летниот распуст, а вредноста на овој зафат е 6.298.291 денари.

Со поставувањето на енергетски ефикасна фасада на ОУ „Стив Наумов“, се овозможуваат предуслови за поставувањето на топлински пумпи за греење, наместо сегашниот систем на екстра лесно масло за греење, како следен проект, кој треба да се реализира во текот на есенските месеци во училиштето. На овој начин, освен повисока енергетска ефикасност на училиштето, ќе се овозможи и поголема заштита на животната средина.

Со претходната реконструкција на покривот и поставувањето на фотонапонска електрична централа, ова училиште станува едно од
најенергетски ефикасните училишта во градот, со што се потврдува заложбата на градоначалникот Коњановски и локалната самоуправа, за
зголемување на енергетската ефикасност и заштитата на животната средина во општинските јавни објекти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.