(Фејсбук статус на претседателот на Општинската организација на СДСМ од Прилеп и претседател на Советот на Општина Прилеп, Миле Талевски)
“Херојот на нашата генерација !!!
Човекот што ја врати слободата !!!
Продолжуваме напред, одлучно да ја градиме нашата Македонија во достоинствен дом за секој наш граѓанин.
Продолжуваме заедно напред.
Спремни сме за избори кога и да се случат.
Избори на кои ќе не’ предводиш во нова победа”, напиша Талевски.
Инаку под водство на Талевски, СДСМ ги загуби претседателските избори во Прилеп со освоени 18.567 гласови на контото од Пендаровски, наспроти освоените 20.147 на ВМРО-ДПМНЕ за Гордана Сиљановска Давкова.
Талевски потоа како и другите претседатели на општински ограноци на СДСМ беше разрешен од Заев, а веднаш потоа и одново именуван за прв човек на партијата во градот под Марковите Кули.