Миле Талески МОЛЧИ, додека Сугарески peшети против бугарскиот став?

Екс министерот за транспорт и врски Горан Сугарески повторно ги paзгоре во себе патриотските чувства и распали против меморандумот со кој Бугарија ја блокира Македонија да започне преговори со ЕУ.

– Топовско месо ниту бил ниту ќе биде Македонскиот народ, иако некој така сака да не третира. Да бидеме на јасно, никој на светот не може да ни го одземе неприкосновеното право да сме свои на своето, Македонци кои зборуваат Македонски јазик. Чуството на припадност кое го имаме никој ама баш никој не може на сила и со уцени да ни го земе. Отсекогаш Македонскиот народ градел, гради и ќе гради пријателски односи со сите народи во светот, напиша Сугарески.

Да потсетиме дека Сугарески во својство на министер во Владата ги славеше договорите за “добрососедство” потпишани со Грција и Бугарија.

Но, бидејќи во овој момент СДСМ има само еден пратеник од Прилеп, прилепчани очекуваа одговор токму од него. Ќе собере ли храброст Миле Талески да им објасни на прилепчани што ги очекува или пак ќе ја поддржи политиката на “свиткана кичма” која доведе до целосна негација на државата, народот и идентитетот?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.