Кандидатот за пратеник од редовите на СДСМ Прилеп, Миле Талевски, на социјалните мрежи напиша честитка по повод 29-годишното постоење на партијата.
“29 години, исполнети со државнички, патриотски и одговорни одлуки во интерес на сите граѓани.
Покажавме и докажавме дека мудроста, посветеноста и макотрпната работа за државата и граѓаните, биле и остануваат наши одлики.
Почнувајќи од референдумот за независноста и приемот во #ООН, па се до членството во #НАТО и почетокот на преговорите со #ЕУ!
Не застануваме тука, продолжуваме уште поодговорно, уште попосветено да работиме за граѓаните и државата. Пред нас се нови победи и нови успеси!
Среќен 29. роденден #СДСМ”