Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев го одложи поднесувањето на оставките се до, како што велат од СДСМ, стабилизирање на земјата.
Во куса изјава за медиумите Заев синоќа истакна дека ќе се обидел да го задржи владиното мнозинство, и ако можел да го зголеми.
За утре со почеток од 11 часот во Собранието е закажана седницата за гласање недоверба на Владата, а после денешната најава од албанската Алтернатива, дека нивните пратеници со сигурност ќе гласаат за недоверба на Владата, речиси сигурно е дека опозицијата ќе има ново мнозинство на утрешното гласање.
Молк и од СДСМ Прилеп, општинската организација која под водство на пратеникот Миле Талевски, загуби со огромни 7.600 гласови разлика во првиот круг од локалните избори.
Талевски неофицијално пред десетина дена ја поднел својата оставка, но тоа остана на муабети, иако неговото име најгласно се спомнува во причините за високиот пораз на СДСМ во Прилеп.
Миле Талевски исто така не го следеше примерот на неговите колеги од Струмица, Велес, Куманово… кои деновиве собираа потписи со поддршка за Зоран Заев.