Миле Талевски го врати Сугаре по патот што не го направи за 3 години?

Горан Сугарески повеќе не е Министер за транспорт и врски. Од вчера неговото место во новата Влада го наследи досегашниот градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски.

Сугарески неофицијално веќе се врати на старото работно место во општина Прилеп, каде претходно работеше како комунален инспектор.

Сугарески иако важи за еден од најлојаните кадри на партијата од Прилеп, остана и без министерско и без пратеничко место.

За волја на вистината речиси ништо во неговиот 3-годишен мандат како министер не се промени во поглед на Прилеп, град кој и понатаму има најлоша патна инфраструктура во целата држава.

Целосно се закочи изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, а не беше реконструиран ниту патот Прилеп-Битола.

Во реализираните проекти на Сугарески за Прилеп ќе бидат запомнети: реконструкцијата на неколку километри пат до вештачкото езеро, неколку километри од стариот пат до Битола и неколку километри од патот за Витолиште.

Единствен пратеник од редовите на СДСМ од Прилеп во Собранието сега е само Миле Талевски, се’ уште актуелен претседател на Општинската организација и доскорешен претседател на Советот на општина Прилеп.

Талевски за прв пат седува во пратеничките столчиња, а како претседател на ОО СДСМ во Прилеп загуби два изборни циклуси.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.