Нигериецот Симон Поликарп, познат како Џими, е изненадувачкиот кандидат за градоначалник на Штип.
Џими ќе натпреварува во „трката за прв човек на градот“ како претставник на Интегра – Македонска конзервативна партија.
Симон Поликарп, е роден во Нигерија, а во Штип дојде да студира, по што веќе неколку децении живее и работи во градот.
Изборите за градоначалник во Штип и Пласница се закажани на 13 ти декември, а избраниот кандидат ќе има мандат во траење од 10 месеци.
Џими е познат по неговите појавувања во повеќе рекламни спотови, а впечатливи во минатото беа неговите гостувања во “К-15”.
Бранко Огњановски, или Миле Паника, објави фотографија на Твитер каде го претстави тимот на кабинетот на Џими.
Градоначалникот со членовите на кабинетот. pic.twitter.com/ZNd3x4ka4z
— Миле Паника (@Mile_Panika) November 8, 2020