Милевски: Остваруваме еден сон на Битола, наскоро започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола

-Остваруваме еден сон на Битола! Повторно ќе стане центар на случувањата. Проект по проект! – напиша на ФБ министерот за локална самоуправа Горан Милевски, најавувајќи дека наскоро ќе започне изградбата на автопатот Прилеп-Битола.

Милевски пишува дека на првата седница на Комитетот за преговори, за склучување на Договор за градење на Коридорoт 8 и Коридорот 10D., која ја води првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, ги усвоиле следните заклучоци:

– се задолжува Министерството за финансии во рок од една недела да номинира членови на тимот за експропријација;
– се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да предложи 5 члена на тимот кој ќе преговара со стратешкиот партнер, компанијата Бехтел Енка и
– се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта во рок од една недела да номинира членови на тимот на проектната единица.

Оваа година започнуваме со градба! За прв пат до Битола ќе стигне и модерен автопат, за што сум особено горд – напиша Милевски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.