Министерката за образование, Мила Царовска присуствуваше на Втората парада на гордоста денеска во Скопје.
“Создаваме општество кое ја негува културата и богатсвото на различностите. Градиме образование без стереотипи, предрасуди и дискриминација, затоа што еднаквоста се учи од најмала возраст.
Верувам дека сите ние заеднички ќе овозможиме секој граѓанин да ги ужива своите права. Затоа што само за такво општество вреди да се бориме“, напиша Царовска на Фејсбук.