Росонерите наскоро во своите редови ги очкуваат Лука Јовиќ, Никола Миленковиќ и Предраг Рајковиќ.
Со доведувањето на овие играчи Милан ќе биде “балкански тим”, бидејќи во тимот моментално играат и Златан Ибрахимовиќ, Анте Ребиќ, Раде Круниќ и Беговиќ, пишуваат српските медиуми.
Никола Миленковиќ е вистински стожер на одбраната во Фиорентина, но клубот во овој момент се наоѓа во финансиска криза, па веројатно касата ќе ја исполнуваат со продавање на играчи.
Замената за Џанлуиџи Донарума, кој е на мета на многу клубови, Милан веројатно ќе ја бара во Предраг Рајковиќ. Србинот брилира на голот на Ремс и се смета за еден од најдобрите голмани во Европа.