Миланезите се помирија со губитокот на своето дете
Матија Де Шиљо јасно и гласно му порача на раководството на Милан дека нема намера да го продолжи договорот кој му истекува во 2018 година и дека сака да си оди. Јувентус одамна е во преговори со младиот дефанзивец. Алегри во неколку наврати го повикуваше, па универзалниот играч на Милан чекаше само зелено светло за да се приклучи во екипата на тренерот од Торино.
Во Милан немаат каде, свесни се дека мораат да го продадат Де Шиљо и дека мораат да одредат цена. Со оглед на сигуацијата, не можат ни многу да ќарат. Затоа е одредена цена од 10.000.000 евра, што нема да биде проблем за Јуве.
Милан го гуви еден од најдобрите играчи од својата школа, но е подготвен да го замени со уште еден свој продукт, на кого сеуште не му е пружена вистинска шанса. Росоњерите како замена за Де Шиљо го одредија Матеа Дармијан, кој порасна во Милан. Во првиот тим влезе во време на Малдини, Неста, Каладзе и Шимиќ.. па не успеа да се избори за минутажа. Потоа преку Падова, Палермо и Торино стигна во Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа, Мурињо нема ништо против да го продаде наредното лето, затоа што планира реконструкција на бековските позиции. Милан ќе мора сепак да оддели уште некој милион повеќе и заедно со парите добиени од Де Шиљо да го доведе во своите редови.
А.Г.