Иако се шпекулира дека ПСЖ сака да го доведе тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне за следната сезона, францускиот шампион е заинтересиран и за тренерот на Севиља, Унаи Емери. Конкуренција сепак им прави и Милан, кој исто така бара нов шеф на стручниот штаб.
Она што им смета на “миланезите” e тоа што, Атлетико не го пушта Симеоне во ПСЖ. Аргентинецот јасно рече дека постои можност да го напушти клубот по поразот во Лигата на шампиони, а ПСЖ сака да го искористи тоа. Симеоне наводно веќе се состанал со директорите на ПСЖ и разговарал за идната соработка. Меѓутоа, ако Атлетико не го пушти Симеоне, “парижаните” ќе се свртат кон Емери.
Сепак, ако Силвио Берлускони остане сопственик на Милан, актуелниот тренер Кристиан Броки има големи шанси да ја задржи својата работа.
А.Г.