Милановиќ: “Ќе го повлечеме и последниот хрватски вojник, Украина е една од најкоpyмиpaните земји, нема да се вклучиме во потенцијалниот конфликт”

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ, изјави дека не знае ништо за можниот судир во Украина, потенцирајќи дека неговата земја нема да на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција.

-НАТО ја зголемува безбедноста, ние не мораме ништо да направиме околу тоа, ниту, пак, ќе направиме нешто во иднина. Доколку дојде до ескалација ќе го повлечеме и последниот хрватски војник. Тоа нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден (Џо), во што гледам конзинстентност и опасно однесување. Ова се случува во предградието на главниот град на Русија, а постојат начини да се сочува Украина, барем во 99 отсто – истакна Милановиќ.

-На Украина местото не и е во НАТО. Тоа е една од најкорумпираните земји во светот. Потребен е мир, да ја смириме политичката тензија и затоа Хрватска нема да учевствува во тоа – додава Милановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.