Мигрант од Сенегал освои добивка од 400.000 евра на шпанската божикна лотарија во Андалузија, каде повремено работел во стаклените градини, соопштија денеска локалните медиуми.
– Не можам да верувам, немав ни пет евра во џеб, вели возбудено 35-годишниот добитник Нгаме, кој живее во туристичкиот град Рокетас де Мар, а во моментов е без работа.
Тој објасни дека пред осум години дошол со сопругата на шпанскиот остров Тенерифе во импровизиран чамец, по што преминал во покраината Алмерија.
– Бевме 65 во тој чамец и овде сме благодарејќи на Шпанците кои не спасија откако бевме во вода по претрпениот бродолом, објаснува сречниот добитник.
Тој повремено работел во стаклените градини во Рокетас де Мар, но сега е без работа.