Освен тоа што мешавината ќе го подобри вкусот на кафето, комбинацијата ќе ви го забрза метаболизмот и ќе ви го олесни губењето на вишокот килограми.
Утринското кафе е ритуал без кој не можеме да си го замислиме денот, па затоа овој рецепт е лесно изводлив.
Се работи за додаток од следниве состојки:
- ¾ шолја кокосово масло
- ½ шолја мед
- 1 лажица цимет
- 1 лажица чисто какао
Начин на подготовка:
Соединете ги сите состојки и мешајте додека не добиете паста. Претурете во чиста тегла со капаче.
Секое утро кога ќе го сварите кафето, додадете 1 до 2 лажички од смесата додека е уште жешко. Мешајте 5-10 секунди и потоа може да уживате.