МЕЧКА И МЕЧИЊА слегоа на 2км. од центарот на Прилеп (ФОТО)

Мечка со две мечиња е забележана во пределот на викендиците над оранжериите во Прилеп, информираат граѓани кои ги забележале животните во нивните имоти.

Тие велат дека веќе пријавиле во Центарот за управување со кризи и се очекува институциите да реагираат, затоа што стравуваат за нивната и за безбедноста на нивните имоти.

На фотографиите кои стигнаа до нашата редакција се гледа едно од мечињата, но очевидци велат дека во негова близина е неговата мајка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.