Според неофицијални информации Јавната институција Меѓуопштински центар за социјална работа – Прилеп, од денеска има нов раководител.
За в.д. директор е назначен Дејан Тошески кој доаѓа на местото на досегашниот директор Живко Сиљаноски, кој досега ја извршуваше оваа функција.
Можеби причината е вчерашното поставување на двојазочна табла пред овој центар, за која функционерите од СДСМ ги уверуваа прилепчани дека тоа е политички спин.
Граѓаните очекуваат новиот раководител да ја отстрани таа табла бидејќи законот е противуставен, а негативно мислење за истиот имаше и Венецијанската Комисија.