Метеорологот Славчо Попоски најавува дека на стабилното, суво и пријатно време преку ден му доаѓа крајот. Сончево ќе се задржи уште во текот на утрешниот ден, додека особено во претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, информира метеорологот.
Во вторник облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон среда, но и во среда ќе има повремени врнежи од дожд додека поради падот на температурите на воздухот, на планините врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец, кој повремено на некои места ќе се засилува.
Максималните дневни температури, во текот на утрешниот ден како и во вторник нема многу да се менуваат и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 18 степени, додека од среда истите ќе бележат тенденција на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 12 степени.