Метеорологот Славчо Попоски со детална анализа за африканскиот бран кој ни следува оваа недела

Како што веќе беше најавено, новата недела ќе биде исполнета со невообичаена топлина и тоа поради топлиот бран кој ќе продре од северните предели на Африка кон нашата територија и најмногу ќе почнеме да го чувствуваме од среда па натака, информира nнајпознатиот метеоролог Славчо Попоски.

Времето ќе биде претежно стабилно и суво, оносно сончево повремено со умерена облачност, но и со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец, кој повремено ќе засилува по интензитет.

Од среда па натаму максималните дневни температури ќе бидат невообичаено високи и истите ќе бидат повисоки од нормалните за околу десет степени и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.

Во централните и во југоисточните предели, температурите се очекува да се искачат до рано – летни 25 степени.

Во текот на ноќта вторник кон среда, поради зголемената локална облачност ќе има услови и за слаб локален дожд, што нема да биде ништо посебно. Исто така на почетокот од неделата, поради јужното и југозападно струење од Сахара кон нашата територија ќе се врши минимален транспорт на прашина и на песок.

Сето ова лошо ќе влијае врз поголем дел од граѓаните, а особено врз метеопатите каде е можна појава на мачнини, главоболка, несоница, повремена нервоза, но и поспаност и несоница, тежина на главата и на телото.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.