Метал-детектор откри гранати од Првата светска војна во прилепското село Марул (ФОТО)

На 13 февруари 2026 година, во 10:00 часот, во село Марул, општина Прилеп, беа пронајдени девет артилериски гранати со калибар од 75 милиметри, кои потекнуваат од Првата светска војна – информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пиротехничарот Ѓорге Стефанов од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, при теренска проверка со метал-детектор, ги лоцирал неексплодираните убојни средства.

Гранатите биле безбедно извадени, подигнати и транспортирани на сигурна локација, по
што ќе бидат уништени на воениот полигон Криволак.

Пријавата за можно присуство на неексплодирани убојни средства била доставена до СВР Прилеп од лице кое имало сознанија дека на посочената локација во минатото биле закопани вакви убојни средства.

Надлежните институции апелираат до граѓаните, доколку забележат сомнителни предмети или експлозивни средства, веднаш да пријават во најблиската полициска станица и да не се обидуваат самостојно да ги допираат или преместуваат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.