Мермерен комбинат АД Прилеп со вредна донација за Центарот за јавно здравје во Прилеп (ФОТО)

Мермерен комбинат АД Прилеп како општествено одговорна компанија која многу пати досега покажала дека се грижи за здравјето на граѓаните, денес во ЈЗУ Центар за јавно здравје Прилеп донираше опрема и апаратура за санитарно- хемиската и микробиолошката лабараторија. Донацијата се состои од: турбидиметар, мултиметар односно мултифункционален апарат што претставува кондуктометар и PH метар како и дестилатор и мини центрифуга.

“Изразувам голема благодарност до менаџерскиот тим на Мермерен комбинат АД Прилеп затоа што со оваа донација ќе се подобри функционирањето на веќе воспоставениот систем за управување со квалитет согласно стандардот ISO 17025 во однос на контролата на испитување, безбедноста и исправноста на водата за пиење а со тоа и подобра и поквалитетна здравствена заштита на граѓаните”, истакна Др. Горан Кузевски специјалист епидемиолог и директор на ЈЗУ ЦЈЗ-Прилеп.

Донацијата од прилепскиот гигант ја предаде генералниот директор, Василис Анагносту, кој притоа порача:

-Среќен сум што денеска објавувам донација на Мермерен комбинат за Центарот за јавно здравје Прилеп на опрема за контрола на квалитетот на водата. Потрошувачката на чиста, безбедна вода во нашата заедница е од витално значење. Кога Мермерен комбинат го доби барањето за донација за мониторинг уреди кои обезбедуваат квалитет на водата веднаш одговори позитивно. Мермерен комбинат има долга историја и ќе продолжи да ја подржува локалната заедница признавајќи ја нејзината општествена одговорност. Сакам да им се заблагодарам на директорот и вработените во ЦЈЗ Прилеп за соработката и за давањето на професионална здравствена услуга – истакна генералниот директор на Мермерен комбинат АД Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.