Меркел: “Ќе има построги мерки до 10 јануари – се затвораат продавниците, училиштата и градинките”

Германската канцеларка Ангела Меркал најави нови мерки, кои ќе бидат на сила до 10 јануари.

Според мерките, најмногу пет луѓе ќе можат да се соберат од две домаќинства. Исклучок ќе биде помеѓу 24 и 26 декември и нема да има исклучоци за новогодишната ноќ.

Од 16 декември ќе бидат затворени продавниците за малопродажба (освен оние основните), огнометот ќе биде забранет до новогодишната ноќ, а ќе се затворат и фризерските салони, училиштата и градинките.

Верските служби се можни само под строги ограничувања, а консумирањето алkoxoл ќе биде забрането во јавност. Владата бара од луѓето да се воздржат од патувања и да ги намалат контактите што не се апсолутно неопходни, а најавена е и економска помош.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.