Меркел ќе го одложи пензионирањето? Рејтингот на канцеларката скокна “до небо”

Иако германската канцеларка Ангела Меркел одамна најави дека планира да се пензионира по истекувањето на мандатот во 2021 година, многу луѓе се прашуваат дали тоа е нејзината конечна одлука, бидејќи нејзиниот рејтинг “скокна до небо” поради доброто справување со “кopoна-kpизата”, пишува Дојче Веле.

Како што пишуваат медиумите, ако кај канцеларката претходно можеше да се види замор од високата политика, од тоа немаше ни траг за време на пандемиjaта.

“Последниот настап во Бундестагот сведочи за тоа. Во официјалниот протокол беше запишано каков аплауз доби таа не само од “демохристијаните”, туку и од пратениците “социјалдемоктрати”, дури и од “либералите”, “зелените”, па и “левичарите”, пренесува Дојче Веле.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.