Меркел си ја отвори душата: Еве за што сонува германската канцеларка

Германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за магазинот „ДБ-Мобил“ на компанијата „Железници на Германија“ изјави дека сè уште сонува да вози на Трансибирската железница низ Русија.

„Сè уште сонувам да возам со Транссибирската железница преку Русија или да возам низ Карпестите Планини во Америка, но засега ништо не е планирано“, рече канцеларката.

Меркел одговори и на прашањето кои цели сака да ги постигне во преостанатото време како канцеларка.

Според неа, пандемиjaта „покажа дека треба да вложиме повеќе напори во дигитализацијата“. Таа исто така истакна дека е потребно да се „забрзаат“ големите стратешки проекти како што се производство на батерии во Германија, употреба на водородна енергија, како и „зазеленување“ на економијата.

„Без такви иновации, нема да можеме да ги запреме климатските промени, а притоа да останеме економски успешни“, рече канцеларката.

Одговарајќи на прашањето која одлука и е најтешка како канцелар, Меркел рече дека станува збор за борба против пандемијата, нарекувајќи ја „предизвик за демократијата“.

„Фактот дека федерацијата и сојузните држави ги ограничуваат слободите заштитени со закон е една од најтешките одлуки за време на мојот мандат. Сепак, овие одлуки беа буквално потребни “, заклучи таа.

Претходно, на официјалната страница на Меркел на Фејсбук, во делот „Мојот сон“, беше напишано „Патување преку Трансибирската железница од Москва до Владивосток“.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.